Топлото и сончево време и продолжениот викенд по повод Денот на независноста, го исполнија Охрид и охридските плажи. Охридското крајбрежје е полно со капачи кои одлучија да уживаат во септемвриското сонце и езерската вода.

Топлото време ќе се задржи и во текот на наредните денови. Дестабилизирање се очекува од среда за кога се предвидуваат услови за краткотраен дожд во попладневните часови. Максималната температура во текот на неделата ќе се движи од 25 до 28 степен.

OhridNews