Денес, 17 мај, истекува рокот за итност кој му го постави Советот на СОНК на Министерството за образование и на Бирото за развој на образованието, а во врска со барањата за повлекување на Правилникот за проверка на објективноста во оценувањето, како и за барањето во врска со ветеното покачување на платите во образованието.
Имено, на одржаната вонредна седница, а по претходна расправа на Претседателството на Советот на СОНК, Советот на СОНК,едногласно ги усвои следниве:
1. Министерството за образование и наука под итно, а најдоцна до 17-05-2013год. да ги повлече правилниците за начинот на проверување на објективноста на наставникот за основно и средно образование, објавени во Сл. Весник бр. 62 од 26-04-2013 год. се додека не бидат отстранети сите причини за револт на наставниците. (Потсетуваме на договорот на 9-та Седница на Советот на СОНК одржана во Струга, каде што беше договорено со министерот за образование и наука за заедничка активност при носење на закони или акти што се особено важни во делот на економско – социјалната положба на вработените во образованието и науката.)
2. СОНК и МОН веднаш да ги продолжат преговорите за склучување на Колективен договор за високо образование и наука.
3. Да започнат преговори помеѓу СОНК и МОН за корекција на основната плата во делот на образованието.
4.Министерството за труд и социјална политика и СОНК итно да потпишат Спогодба со која ке се утврди датумот на започнување на примената на Колективниот договор за детска заштита во делот на плати.
в СОНК бара исплатата да започне од септември 2013год со динамика која ќе биде договорена помеѓу потписниците.
в Доколку од објективни причини тоа не е можно , бараме исплатата да по започне во целост од 01-01-2014год.
5. МТСП веднаш да започне со трансформација на работните договори согласно Спогодбата од 2008 год.
6.СОНК и министерството за култура итно да продолжат со преговорите за склучување на нов колективен договор за култура и потпишување на истиот најдоцна до почетокот на септември 2013год.
Во врска со активностите и степенот на реализирање на Барањата, Советот на СОНК заклучил најдоцна до крајот на месец мај, да одржи нова седница на која ќе се направи оценка за степенот на реализирање на барањата и врз основа на тоа, доколку има потреба, за преземање на нови мерки согласно законите на Р.М. во делот на синдикалното организирање и делување.