Во саботата, во хотелот “Денариус” во Охрид , претставници на Регионалниот Одбор на СОНК од Охрид   остварија меѓународна синдикална средба  со свои колеги –просветари  и претставници на Синдикатот за образованиее на Србија (СОС). 


Македонските и српските  синдикални лидери  ги презентираа своите активности и приоритети во поглед на правата на просветните работници, при што беа разменети различни и слични искуства  на обата синдиката. Најмногу се разговарало на темата комуницирањето со работодавците и ефектите од  тие разговори и преговори. како и за екстерното оценување и интегралната инспекција. Во овој контекст, во Србија  е воведен  пилот-проект за т.н.плаќање и наградување по учинок, нешто слично што кај нас се воведе во  здравството.

Едно од искуствата  во Србија е и платеното претседателствување на синдикалниот лидер кому за 12% му е зголемена платата  за време на  синдикалниот лидерски мандат, додека македонскиот синдикален лидер  ја нема таа привилегија, односно таа финансиска поткрепа.

На средбата  се разговарало и за можна  соработка на  синдикален план, при што од српска страна била упатена покана  до охридските синдикални лидери да ја посетат Србија и да бидат гости на регионалниот  синдикат во Лесковац.  Според најавите оваа средба ќе се случи кон крајот на  месец мај оваа година.

OhridNews
фото:Дим Дон