Во следните  неколку месеци, доколку не се случат некои  крајно  неочекувани  работи, планираме да го реализираме  ветеното покачување на платите во образованието.“ – истакна Министерот за образование  Панче Кралев   на  неодамна одржаната средба со синдикалните  лидери на  охридскиот, прилепскиот, кичевскиот и струмичкиот Регионален одбор  на СОНК.

На дводневната средба  оддржана  во Струмица,  било расправано за социјалното партнерство и дијалог – помеѓу СОНК и МОН, за законите кои го регулираат образованието, за екстерното оценување и други актуелни прашања.

Исто така, на средбата лидерите на синдикалните организации за охридскиот регион формирале посебно тело – Комисија за  односи со локалната самоуправа, во која покрај претседателот, ќе има  претставници од сите област кои се грижа на СОНК.

OhridNews
фото: Дим Дон