Синоќа во Охрид беше отворена игротеката и дневниот престој „Хепи ленд“, во чии простории можат да се организираат одлични роденденски забави за најмладите, дневен престој за деца до 5-то одделение со кои работи соодветен високо-образовен персонал, односно постои можност за користење на услугите од овој објект по желба на родителите.
„Хепи ленд“ располага со сите потребни услови за забава, а просториите се опремени со современи справи во интерес на сечии детски вкусови, истовремено нудејќи комплетна удобност, послуга и пријатен амбиент за родителите.
„Игротеката и дневниот престој „Хепи ленд“ претставува добро осмислен проект на кој се работи подолго време. Нашата замисла е да функционираме како игротека и продолжен престој за деца до 5-то одделение. За таа цели, „Хепи ленд“ нуди организација на роденденски забави, која опфаќа анимирање на децата со сите потребни услови за забава и капацитет од околу 40 деца. Располагаме со современи справи и опрема, како што се лавиринтот со капацитет од приближно 15 деца, х-бокс, нинтендо ви, мал фудбалски терен, многу играчки и сето тоа добро склопено во прекрасен амбиент и сот потребни услови за игра.“ – вели Билјана Алческа.
Во текот на целиот ден, „Хепи ленд“ нуди можност за дневен престој на деца до 5-то одделение, со кој работи соодветен високо-образовен персонал со долгогодишно искуство, чија основна задача е доверените деца да постигнат што повисоки резултати во воспитно-образовниот процес.
„Ќе се работи со секое дете поединечно, со целосна посветеност кон материјата која е предмет на учење. Така да, низ една комбинација од забава и учење, „Хепи ленд“ ќе обезбеди постигнување на зацртаните резултати. Персоналот од „Хепи ленд“, ќе организира прифаќање и испраќање на децата од и до училишниот двор. Покрај ова, игротеката нуди и користење на услугите за временски перидо по желба на родителите.“ – вели Вики Шапкароска.
Игротеката и дневниот престој „Хепи ленд“ се наоѓа на булеварот „Туристичка“ бр. 47а, а како што велат оттаму, сонот на секое дете ќе стане секојдневие со „Хепи ленд“.
OhridNews