Со неверојатна серија 12:1 во финишот на последната четвртина Феникс Санс направи комплетен пресврт и го доби четвртиот натпревар од полуфиналето во западната конференција на гости кај Сан Антонио.

Стив Неш беше предводник на подвигот. Исфрустриран од серијата на гостите искусниот Робер Ори (С.А.)при првото водство воопшто на Санс во финишот на мечот (97:100) го залепи канаѓанецот за конструкцијата на кошот по што комплетните екипи побрзаа да се пресметаат. Најборбен беше Раџа Бел кој заработи тенхичка кај Санс, додека на Ори му беше досуден неспортки фаул и беше исклучен од игра.

По серијата слободни на двете страни Феникс триумфираше со 104:98 и ја израмни серијата на 2:2. Следниот петти натпревар се игра во Феникс.

На истокот по се изгледа Кливленд со победата во Њу Џерси 87-85 ја преломи серијата во своја полза.Кливленд во источното полуфинале води со 3-1.

Причина за поразот на Њу Џерси е мизернот шут од поле (23 %) на клучниот трилинг кошаркари. Винс Картер постигна 25 поени (шут 6-23), Џејсон Кид имаше рекордни 17 скокови плеј оф(шут 2-13), Ричард Џеферсон постигна 15 поени(шут 3-12).

На спротивната страна ЛеБрон Џејмс повторно одигра одличен натпревар и беше движечка сила на својот тим (30 поени, 9 скока и 7 асистенции).

Натпреварот број пет на програмата е во среда во Кливленд, со евентуална победа “Кавалирси“ по 15 години повторно ќе играат во финалето на истокот.  

Г.М./Н.Ц.