Сообраќајната несреќа што се случи вчера во 15:15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, за која информираше Охридњуз, заврши фатално за сопатничката во патничкото моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, кое излетало од коловозот.

По несреќата, возачот Б.С. (69) и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews