На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 31 годишно лице од селото Бегниште, Општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала 45 годишно лице од Ресен.

Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

OhridNews