На 27.06.2025 во 10.50 часот, на регионален пат во селото Драслајца, струшко, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 69 годишно лице од с.Драслајца излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка 63 годишна жена од с.Драслајца, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од СВР Охрид.

На 27.06.2025 во 19.30 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, кај струшкото село Велешта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 23 годишно лице од селото Подгорци, струшко и патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од 31 годишно лице од Р.Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 18 годишна, од селото Лабуништа, струшко, од возилото со струшки регистарски ознаки. Со телесни повреди се здобиле и 31 годишниот возач и неговиот сопатник, 29 годишен, од Р.Албанија од возилото со албански национални ознаки, а исто така со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички од возилото со струшки регистарски ознаки. Повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додаваат од СВР Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

OhridNews