Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег кој не се задржува има и на Пресека, Смојмирово и Демир Капија.
Од 11.00 часот сообраќајот на патниот правец Струга- ГП Ќафасан е нормализиран за сите видови возила, односно укината е забраната за ТМВ и ТТМВ. Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – П.Шапка од 09:25 чаост се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), информираат од АМСМ.
На магистралниот патен правец А3 Битола – Ресен на самиот влез на градот Ресен поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, на учесниците во сообраќајот им се се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Исто така на патниот правец Р1307 Царев Двор – Стење поради обилните врнежи од дожд и можно излевање на локалните реки се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
OhridNews












