Сообраќајна несреќа кај село Ботун во која со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал возилото, додека неговиот сопатник 17 годишно лице починало на лице место.

На 03.10.2021 во 03,00 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта, општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место, информираат од МВР. 

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews