Сообраќајна несреќа на булеварот „Туристичка“ во која учествувало патничко возило и велосипед се случи денеска во близина на бензиската станица на Лукоил.

Според првичните информации од СВР Охрид лицето кое го управувало велосипедот итно е префрлено во специјалната болница “Св.Еразмо”.

Се уште нема официјални информации за здравствената состојба на велосипедистот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews