Од АМСМ инфрмираат дека од 14:45 часот сообраќајот на Плетвар се одвива наизменично, поради сообраќајна незгода што се случи попладнево, при што привремено сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено и по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е околу 40 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.