Од АМСМ информираат дека од 10:00 часот на магистралниот пат Кичево-Скопје, кај Крапчин Дол, сообраќајот кој беше во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, сега се одвива со наизменично пропуштање на патнички моторни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.