Климатските промени се проблем кој не можеме повеќе да го игнорираме. Нашата земја ги трпи последиците од климатските промени – долги сушни периоди, бури со силни ветрови и град и нема финансиски средства да се справи со нив.

Од „Еко свест“ укажуваат дека е потребно да размислуваме како да го прилагодиме секторот транспорт на екстремните временски услови и во исто време да влијаеме на ублажување на климатските промени преку фаворизирање на форми на транспорт со низок јаглероден отпечаток. – Соочени сме со избор – Ќе го смениме начинот на кој сме ги правеле работите досега или ќе стравуваме за свет без иднина, истакнуваат екологистите.

Како дел од Европската недела на мобилност и дел од настаните на Недела за иднината, денеска, 20 септември се одбележува како Ден без автомобили. По тој повод од 10.30 до 12 часот ќе се одржи Велосипедско дефиле низ улиците на Охрид, кое ќе започне од пред зградата на Општината. Велосипедското дефиле ќе се одвива по улиците „Димитар Влахов“,„Кузман Јосифовски“ од пресекот со ул.„Димитар Влахов“ до пресекот со ул.„Партизанска“, ул.„Партизанска“ од пресекот со ул.„Кузман Јосифоски“до пресекот со ул.„Јане Сандански“ и дел од ул.„Јане Сандански“ од пресекот со ул.„Кеј Македонија“ од ул.,,Кеј Македонија“ преку мост ,,Билјанини извори“ до плажа ,,Амброзија“ и назад до ул.,,АСНОМ“ од ул.,,АСНОМ“ до ул.,,Булевар Туристичка “ од Булевар Туристичка “ по ул. ,,Димитар Влахов“ до Општина Охрид.

На крајот од дефилето следуваат награди за учесниците во настанот.

OhridNews