Сообраќајна незгода се случи синоќа околу полноќ на булеварот „Туристичка“ на кружниот тек кај населбата Лескајца. Во моментот кога се направени овие фотографии можеше да се забелеи патничко возило марка „Мерцедес“, на кое беа активирани заштитните воздушни перничиња. На местото на настанот пристигнаа беа неколку полициски и возило на брза помош.
Утрово побаравме информации од СВР Охрид за незгодата, од каде се очекува да изнесат повеќе детали за немилиот настан, како и за тоа дали имало и други учесници и каква е нивната здравствена состојба.
OhridNews













