Два автомобили се судрија вечерва на булеварот „Македонски Просветители“, во непосредна близина на амамот. Во незгодата нема повредени, а предизвикана е материјална штета.
Поради незгодата извесен период сообраќајот на овој потег се одвиваше отежнато.
Незгодата се случи во услови на врнежи од дожд, влажен коловоз и намалена видливост, што го отежнува одвивањето на сообраќајот, поради што на возачите им се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
OhridNews