На магистралниот пат Охрид-Струга, во близина на црквата „Свети Еразмо“ утрово се случила сообраќајна несреќа. Според првичните информации, автомобил „Голф“ изгубил контрола и се превртел на покривот. Во автомобилот бил само возачот, кој за среќа се здобил само со лесни телесни повреди.
Увид на лице место врши сообраќајната полиција при СВР Охрид, која треба да ги утврди причините за нереќата.
OhridNews