Со асистенција на сообраќајната полиција, специјалното возило „пајак“ денеска подигаше неправилно паркирани автомобили во центарот на Охрид. Се подигаа возила и пред зградата на општината каде во тек е седница на која се разгледуваат извештаите за работа на секторите во локалната самоуправа, јавните претпријатија, професионалната противпожарна единица, на полицијата, училиштата и други јавни установи.
Сообраќајната и пајакот во акција кај општината
OhridNews