Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по чисти и наместа влажни коловози.
Поради ниските температури и влажноста на коловозите, можна е појава на голомразица на повисоките планински превои. На возачите им се препорачува внимателно возење низ клисурите и засеците на почестата појава на поситни одрони.
Од АМСМ препорачуваат крајно внимателно возење и прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.












