Според најновите информации од Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози, поради врнежите од дожд во поголемиот дел од државата. Слаби врнежи од снег се бележат само на повисоките планински места.

Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. 

OhridNews