Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, но забавено по влажни и лизгави коловози поради врнежи од дожд, информираат од АМСМ.

Слаб снег се бележи наместа во Југоисточниот дел на Македонија но не се задржува на коловоз. Исклучок е само планинскиот превој Попова Шапка каде интензивно врне снег со остатоци на коловоз. На возачите им се препорачува внимателно возење и прилагодена брзина на движење по влажните и лизгавите коловози.

OhridNews