Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива исклучително отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози и со големи остатоци од снег по коловозите, информираат од АМСМ.

Забрани за движење на тешките товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга, Росоман – Прилеп преку Плетвар, Гостивар – Кичево преку Стража и на Тетово – Попова Шапка. За патничките возила на овие патни правци се препорачува употреба на зимската опрема. Планинските превои Пресека, Буково и Ѓавато се отворени за сообраќај на сите видови на возила, но отежнато и забавено со големи остатоци од снег по коловозите.

OhridNews