Според најновите информации на авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива забавено и отежнато во зимски услови, но без забрани за движење на возилата.

На повисоките места сеуште се бележат остатоци од снег по коловозите. Патниот правец Р112 Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува. До сите возачи се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Забележана е појава на голомразица по мостовите и осојничавите места. Особено да се внимава на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има честа појава на одрони.

OhridNews