Според најновите информации добиени утрово од Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Слаб снег провејува на Попова Шапка, Крушево, Деве Баир, Крива Паланка и Страцин, но не се задржува на коловоз. Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

OhridNews