Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози особено на повисоките места и низ клисурите. 

Посебна внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.
OhridNews