
Повнимателно возење се препорачува на повисоките планински превои во западниот дел од државата Стража и Маврово како и Ѓавато и Буково каде се забележуваат слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловозот. Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. Се потсетуваат возачите дека од 15.11.2011 започна нивната законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година.












