Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата, а на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег, информираат од АМСМ. Во североисточните, источните и јужните делови од државата коловозите се наместа влажни.

Утрово укинати се и претходно дадените забрани за движење на товарни возила. Укинати се забраните : на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар во 08,15 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека е укината во 07.25 часот.

OhridNews