На патниот правец Маврово–Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање) до 13.04.2017 (четврток) сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено,но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews