
Патниот правец (Р112) Гевгелија-Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожуф се уште се расчистува. Посебна внимателност на патниот правец Дебар- Струга поради почеста појава на одрони. На возачите им препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина на движење по наместа влажните коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата поради честата појава на одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги чекања за влез и излез од државата.
OhridNews












