Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија,  сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат сите патни правци.

Појава на магла има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и планинскиот премин Стража со видливост до 100 метри.

Врнежи од дожд се бележат во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и Павлешенци. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

OhridNews