Сообраќајот се одвива тековно, наместа по влажни коловози. Поради врнежите од снег кои започнаа во текот на ноќта, коловозите се со остатоци од снег. Поради интензивни снежни врнежи во 04.00 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. На останатите патни правци врнежите се со послаб интензитет и сеуште не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

На возачите им се препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово поради можна појава на одрони.

OhridNews