Утрово укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Буково и Плетвар, ин формира АМСМ. Поради врнежите од снег, забрана за тешки товарни возила има на повеќе патни правци и превои и тоа: на магистралниот пат „Крива Паланка – Деве Баир“, на излезот од градот, на регионалниот пат „Валандово – Дојран“ кај крстосница Фурка, воведена е забрана за сообраќај на тешко товарно возило поради попреченост на товарно моторно возило,  на регионалниот пат „Македонски Брод – Прилеп“ на планинскиот превој „ Барбарос“, на планинскиот премин Ѓавато., тража, Пресека, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни патни правци во државата врне снег. На сите патни правци има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби.

Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 м на Попова Шапка.

OhridNews