Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива тековно, без забрани по суви и чисти коловози. Местимична влажност се бележи на повисоките и осојничави места и на мостовите, каде поради ниските температури има појава на голомразица. Појава на утринска магла ја намалува видливоста, наместа на патните правци долж речните текови и низ котлините.
Поради почестата појава на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, АМСМ препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Од таму ги потсетуваат возачите дека треба задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата.












