Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и наместа по влажни коловози, информираат од АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај за сите возила. 

Потсетување дека од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.

OhridNews