Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци, се одвива без забрани но забавено во зимски услови поради влажните и лизгави коловози, како последица на вчерашните врнежи.
На повисоките места и планинските превои поотежнат е сообраќајот поради поголеми остатоци од кашаст снег на коловозите. На планинските превои Маврово, Стража, Пресека, Ѓавато и Плетвар нема забрани, но задолжителна е употреба на зимската опрема за тешките товарни возила.
На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
АМСМ ги потсетува возачите дека од 15.11.2011 на сила е законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година.












