Комбе и автомобил се судриле утрово на регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Неофицијално во незгодата има повредени лица, но засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба.
Сообраќајната несреќа предизвика времен застој во сообраќајот и колони на овој фрекфентен патен правец, дотолку повеќе што денеска сообраќајот кон манастирот Св. Наум неколкукратно е поголем поради празникот на големиот светец и Чудотворец кој се празнува денес и утре.
Од СВР Охрид го потврдија настанот и најавија дека наскоро ќе соопштат повеќе информации.
Г.М.