Сообраќајна несреќа попладнево на стариот пат Охрид-Струга.

Во незгодата учествуваа две возила, од кои видно е дека е предизвикана голема материјална штета. На терен е и екипа на брза помош. Патот во моментов е затворен за сообраќај.

Во сообраќајната несреќа кај Сатеска во која учествуваа две возила повредено е едно лице. Истото е со лесни телесни повреди и се пожалило на болки во главата, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид е направен од страна на екипа на СВР Охрид.

OhridNews