Соодветно користење на дигиталните алатки ќе овозможат кусевите за програмирање наменети за деца кои ќе се одржат во Касарна Хаб. Презентацијата и запишувањето на децата е на 31 јануари од 18 до 20 часот.

Тоа што порано било знаењето да се чита, сега е знаењето да се користат компјутерите соодветно. Многу деца се во онлајн светот, но ги користат само друштвените мрежи, а неретко запаѓаат во стапицата на дигитална зависност. Ние во Касарна Хаб, заедно со нашите соработници осмисливме повеќе курсеви со кои од една страна ќе се спремат децата за добро платена работа, од друга преку програмирањето ќе научат да решаваат проблеми, да бидат креативни, да истражуваат и соработуваат, велат од Стартап центарот.

Информираат дека курсевите траат 3 месеци, еднаш неделно по 90 минути, а истите ќе се одржуваат во просториите на Касарна Хаб за што потребно е секое дете да носи свој лап топ.

Секој курс има почетно и напредно ниво, а ќе бидат понудени курсеви за програмирање со Scratch наменети за деца на возраст од 9 до 11 години, програмирање со Python за деца од 11 до 13 години, програмирање со C++ за деца од 13 до 15 години,  MS Office – основно и напредно ниво за деца од 10 до 15 години, WordPress за деца од 13  до 15 години и Google Apps за деца од 11 до 15 години, додаваат.

Првите курсеви ова полугодие велат се промотивни и ќе бидат бесплатни за децата.

OhridNews