Бараме одговорен и енергичен магационер кој ќе се грижи за уредноста и ефикасноста во магацинот за продажба. Доколку сте одговорна личност со желба за тимска работа во стабилна и организирана средина – ве покануваме да се приклучите на нашиот тим.

Главни задачи на избраниот кандидат:

  • подготовка и предавање, како и нарачка и преземање на стоката
  • грижа за правилно и прегледно складирање во рамките на просторните можности
  • грижа за дисциплина и правилна и безбедна манипулација со стоката
  • грижа за правилно складирање и постапување со хемикалии односно опасни супстанции
  • книжење и раскнижување на стоката во магацините
  • контрола и решавање на рекламации
  • грижа за водење и архивирање на документацијата во магацините
  • грижа за чисто и уредно работно место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот

Од кандидатот очекуваме:

  • самоиницијативност
  • тимска работа
  • осет за простор и чистота
  • совесност
  • насоченост кон работата
  • IV. степен, насока: металопреработувачка, техничка, општествена

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно.

Локација:

ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа само претпладне.
На избраниот кандидат му нудиме:

  • соодветен месечен надоместок
  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • доброволно приватно здравствено осигурување
  • награда за присутност

награди и бонуси согласно покажани резултати

Ве очекуваме!

ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Апликацијата со кратка биографија поднесете ја на нашата веб-страница https://www.lthcastings.com/кариера со кликнување на слободното работно место, најдоцна до 31.7.2025.

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси вкупно 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.