Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:

  • Подготовка и изработка на пресметки, техничка спецификација и услови за преземање, како и развој на технички компоненти на понуди
  • Организација и водење на техничко-промотивни разговори со клиенти при имплементација на нови производи
  • Активна соработка во креирањето на планска документација и инвестициони елаборати од областа на производството и техничко-технолошките процеси
  • Целосно водење на проекти – од иницијална порачка до финално одобрување за сериско производство
  • Координација на процесот на развој, изработка и верификација на примероци за нови производи и алатки за репетиција
  • Управување со процесот на нарачка, следење и администрација на алати за репроцеси
  • Изработка на детална анализа на трошоците поврзани со проектите
  • Соработка со надворешни партнери, институции и добавувачи во рамките на спроведување на проектните задачи
  • Управување со животниот циклус на производите и нивно следење за време на нивниот активен рок на употреба
  • Контрола и анализа на профитабилноста на производите (ROS – Return on Sales) во текот на нивниот пазарен век
  • Активно учество во процесите на мерење и ревизија (R&R – Repeatability and Reproducibility)
  • Одржување на чиста, безбедна и организирана работна околина
  • Придржување до стандардите и регулативите од областа на безбедност при работа и заштита на животната средина
  • Извршување на дополнителни задачи согласно стекнатата стручност и обученост

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови и интернационална комуникација (англиски јазик задолжително познавање и говорење).
Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

Од кандидатите очекуваме:

  1. Стратешко размислување
    Способност за креирање долгорочна визија и развивање стратегии.
  2. Комуникациски вештини
    Јасно и ефективно пренесување информации до тимови, раководители и клиенти.
  3. Управување со проекти и време
    Организираност и ефективно планирање на активности за постигнување на рокови и цели.
  4. Аналитички способности
    Способност за анализа на податоци, кориснички повратни информации и метрики.
  5. Одлучност и решавање проблеми
    Брзо и ефикасно носење одлуки, особено во ситуации на неизвесност.
  6. Тимски играч и лидер
    Водење и мотивирање на тимови, како и соработка со различни заинтересирани страни.
  7. Техничка писменост
    Основно разбирање на технички концепти и процеси за полесна комуникација со инженерскиот тим.
  8. Прилагодливост и флексибилност
    Брзо приспособување на променливи услови.
  9. Креативност и иновативност
    Предложување и имплементација на нови идеи и решенија за подобрување на продуктот.

На избраниот кандидат му нудиме:

  • Конкурентна и атрактивна плата која ќе биде во согласност квалификациите на кандидатот.
  • Флексибилни работни часови.
  • Платени дежурства по принцип на колегијална ротациј
  • Бенефиции како бонус
  • Приватно здравствено осигурување,пензиско и инвалидско осигурување, како и други законски бенефиции.
  • Регрес на годишен одмор согласно условите за стекнување на право на годишен одмо
  • Новогодишен надоместок.
  • Обучување и континуирано усовршување преку технички тренинзи, курсеви и обуки во доменот на дејноста и автомобилската индустрија.
  • Можности за напредување во кариерата, вклучувајќи можности за премин во водечка позиција или специјализирана област.
  • Работа во модерна и технолошки напредна фабрика со автоматизирани машини и опрема.
  • Поддршка на иновации и нови технологии во процесите на производство.
  • Работа во технолошки напредно опкружување, со можност за работа со нови производствени технологии и софтвери
  • Работа во тим со искусни стручњаци, кои ќе понудат поддршка и менторство за вашиот професионален раст.
  • Култура на соработка и иновација, каде што секој вработен има можност да придонесе за развојот на нови решенија.
  • Обезбеден топол оброк и платени трошоци за превоз од и до работа доколку кандидатите живеат над 3 км оддалеченост од фирмата
  • Доколку кандидатот доаѓа од друг град, можност за покривање трошоци за сместување.
  • Обезбедена заштитна работна опрема и матерјали за работа

ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Ви благодариме што размислувате за кариера со нас!

Аплицирајте на www.lthcastings.com најдоцна до 31/07/2025.

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Ве очекуваме!