Сопругата Ребекa на легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд почина по краткото боледување од рак на дојката.
Таа светот го напушти синоќа, а Фердинанд со кратко соопштение се обрати до медиумите и луѓето кои несебично го поддржуваат во овие тешки моменти.
– Си замина мојата сродна душа. Ребека, мојата прекрасна сопруга, почина по кратка борба со ракот. – стои во соопштението.
Натпреварот меѓу Ливерпул и Квинс Парк Ренџерс ќе започне со едноминутното молчење, а гостински фудбалери ќе носат и црни траки на дресовите.
Ohridnews