Помина повеќе од една седмица од страотната несреќа која ја имаше седумкратниот првак во Формула 1, Михаел Шухамер. Докторите во болницата во Гренобл изјавуваат дека сеуште е критична состојбата околу здравјето на Шумахер.

Сопругата на германскиот пилот, Корина преку својот менаџерски тим ги избрка новинари кои деноноќно го следат заздравувањето на Шумахер.

– Ве молам да ни се придружите и поддржите околу борбата за здравјето на Шумахер. Но, морам да ве замолам исто така да не правите притисок врз докторите кои се во болницата бидејќи ним и на Шумахер му е потребен мир – стои во обраќањето на Корина до новинарите.

Мх.П.