Во рамки на програмата на грижа за стари лица од општинскиот Црвен крст, во среда, 6-ти февруари, во Центарот за култура во село Оровник, со почеток во 16 часот, ќе се одржи настан на кој ќе се одбележат 70 години брак на сопружниците Душан и Костадинка Лошкоски.

Црвен крст Охрид веќе трета година ја реализира Програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на старите лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебарца. Програмата ја спроведуваат возрасните пензионери-волонтери на Црвен крст Охрид.

Покрај задоволување на бројни потреби искажани од корисниците на оваа програма, волонтерите на Црвен крст Охрид се посветени на корисниците, своите врсници и преку најразлични форми на заедничко дружење.

OhridNews