Компанијата Фортонмка Инвест 2, дел од групацијата Фортон, официјално стана новиот сопственик на автобуската станица во Охрид, стекнувајќи се со стратешки значаен имот кој опфаќа огромна парцела помеѓу трговскиот центар Охрид Мол и земјиштето на Лидл со вкупна површина од приближно 3.500м2, како и постоечки објект со површина од приближно 1.000м2.

Засега нема официјални информации од новиот инвеститор во врска со идните планови за овој простор. Останува да се види дали е на повидок проширување на трговскиот центар, како и модернизација и реновирање на автобуската станица.

Сопственикот на Охрид Мол ја откупи и го презеде управувањето со Автобуската станица во Охрид

OhridNews