Тринаесете семејства кои имаат деловни објекти наспроти меѓуградската автобуска станица во Охрид, реагираат на изнесениот став на општина Охрид дека основ за легализација на спорните објекти нема и дека објектите се изградени од страна на општина Охрид.

-Не е точно дека објектите биле градени од општина Охрид. Објектите не се времени, тоа го потврдува Советот на општина Охрид, а  тоа го потврдува и 4 пати второстепениот орган на Министерството за транспорт и врски, а неколку пати и народниот правобранител. Ја прашуваме општината јавно да објасни како може да се постави објект по одлука од 1989, а половина од наведените објекти се направени во 1984 година, велат сопствениците кои имаат деловни објекти кај автобуската станица.

Тие потсетуваат дека сите објекти имаат имотни листови од Агенцијата за катастар и недвижности и потенцираат дека според законските прописи имотен лист не може да се издаде на времен објект.

OhridNews

Чии се објектите наспроти градската автобуска станица?