Тајландскиот тајкун Би Таечаубол е нов сопственик на 51 проценти од акциите во Милан откупувајќи ги од Сивлио Берлускони за 500 милиони евра.
Според, „Газета дело Спорт“ следната недела треба да се финишираат потребните документи и на официјална пресконференција да се обелодони менувањето на сопствениците.
Поранешниот премиер на Италија, Берлускони со Милан раководи од 1986 година и покрај продавањето на акциите тој ќе остане дел од клубот.
Во неговата ера „росонерите“ освоија пет титули во Лигата на Шампиони и осум пати се искачија на тронот од Серија А. Шест пати пати беа победници во Супер купот и еднаш во Купот на Италија.
Новите сопственици ќе имаат полни раце работа со клубот од Милано, кој втора сезона по ред не обезбедува место во Европа и е далеку од водечките екипи на табелата.
Ohridnews