Заедничка соработка на меѓугранични проекти во периодот кој следи било договорено на денешната средба помеѓу директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски и директорот на државното средно училиште „Ванчо Питошески“-Охрид, Марјан Радески.

Преку нив, како што наведуваат од АППТ, ќе се овозможи внесување на европски практики во училишниот процес, подобрување на условите, зголемен број на ученици и подготвени квалитетни кадри спремни да вложат во развој на туристичкиот сектор.

Една од работите, велат, на која АППТ давале многупати значење и директорот Јаневски потенцирал, се човечките ресурси коишто секоја година се повеќе ќе треба да се негуваат.

Потребна е уште продлабочена соработка и вложувања со стручните училишта и факултетите од каде треба да ги изградиме идните шефови на ресторани, гастрономскиконцепти, хотелски менаџери, визионери кои со ентузијазам ќе применат се она што нас ни недостасува. Така ќе изградиме туристички сектор кој учи и применува, заслужувајки ја почитта со можност за кариерно напредување и градење иднина дома, додаваат од АППТ.

OhridNews