Во рамките на долгогодишната соработка со Американското катче од Струга, во гимназиската библиотека се одржа презентација на можностите кои ги нуди оваа организација.

На презентацијата присуствуваа голем број ученици од прва и втора година кои беа информирани за локацијата на катчето кое можат да го посетат, да изнајмат книги, материјали за подготовка за ТОЕФЛ тестирањето и да учестуваат на конверзациски часови на интересни теми каде често за дебатите се повикани експерти од различни области на кои англискиот им е мајчин јазик. Презентацијата и гостувањето е со посредство на наставниците по англиски јазик од прва и втора година, Нела Коњановска-Танеска и Ана Топенчарова- Коваческа.

Интернационалната мрежа на Американски катчиња дава информации и околу студирањето во САД, нивните универзитети, можности за стипендирање, нуди пристап до информации за културата, историјата, системот и уредувањето на оваа земја.

OhridNews