Делата Судски систем, Меѓународно судство и Културната политика на Република Македонија во рамките на процесот на евроинтеграцијата го збогатија книжевниот фонд на охридската Библиотека.
Деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше деканот на Правниот факултет од Кичево, проф. д-р Светлана Вељаноска, која при посетата подари дел од своите стручни книги од областа на правото. Книгите се обработени и поставени во одделот за стручна литература, достапни се за читателите и за зајмување, информираат од Библиотеката.
Ова е почеток на нашата заедничка соработка се сложија деканката Вељаноска и директорот Јованоски. Пред престојните уписи на факултетот договорено е претставници од Правниот факултет да дојдат во Библиотеката и пред посебна фокус група – матуранти од Охрид да ја претстават нивната образовна институција, пренесуваат во соопштението од Библиотеката.
Истовремено, според зборовите на деканата Вељаноска таа ќе ги поттикне и останатите нејзини колеги да подарат книги на библиотеката со што би се збогатил книжниот фонд од областа на правото.
OhridNews